
Изминатата недела можевте да видите кој за што се залага и кој какви вредности брани. Секогаш во животот ме водела идејата да оставиме нешто зад нас, генерацијата која изникна низ криминалната транзиција, која ги помина мачините 90-ти и кога во себе ги носи сите падови кои политиката ни ги донесе изминатите повеќе од три децении, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Верувајте, длабоко знам дека ова е последната шанса да ја спасиме нашата иднина, да ја сочуваме нашата надеж и да обезбедиме стабилен живот за децата на оваа наша преубава татковина Македонија. Оваа кампања видовте дека настапуваме со идеи, програма и цели кои значат како да го подобриме животот на секој еден човек, а нашите конкуренти настапија со обвинувања, лаги и тотални безмислици. Тие сведочат за нивната безидејност, но и желба преку трикови и измами да дојдат до фотелјата. Ги гледате и ДУИ и СДСМ колку се спремни да ризикуваат и да и наштетат на државата, а главниот проблем им е што се прочитани и не се на власт, која нив им носеше привилегии, бизниси, тендери во 4 очи – рече Мицкоски.
Лидерот на вадејачката партија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ имаат програма со проекти „Вистинскиот избор за твојата општина“, а на опозицијата содржината на настапите им била постојано да го спомнуваат неговото име.
Венко така нереформиран, инструментализиран одработува за својот вистински лидер, а другиот коалиционен партнер Али дели историски лекции, кажуванеповрзани работи. Човек не може да се изначуди на кое дереџе спаднаа луѓево. Додека Венко и Али така нереформирани се последниот бастион на она што претставува криминал и корупција во Македонија под нивно владеење, се помалку ја има. Јас нема да му одговорам на Али со неговата реторика иако тој тоа го сака.Тој моли Бога да му одговорам на неговото националромантичарско изразување – рече Мицкоски.