Skip to main content

Мицкоски од Сарај: Почнавме да ја враќаме довербата во државата и да ни се создава надежта дека иднината може да биде подобра

Секој од нас има своја приказна. Твојата почнува таму каде што чекориш секој ден, по твојата улица, низ твоето маало, во твојот град. Таму се случиле првите радости и првите таги. Таму си ги доживеал првите победи, но и првите порази. Таму си создал пријателства, семејство, спомени. Тоа е местото кое те изградило и кое те држи, напиша на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Знам дека не секогаш е лесно. И јас сум имал моменти на дилема дали вреди? Дали ќе успееме? Но секогаш одговорот го наоѓам во луѓето што ги среќавам секој ден, во работникот што се бори чесно за лебот, во мајката што не се предава за своите деца, во младиот човек што сонува да остане тука, дома.

Оваа прва година како премиер беше година на тежина, но и на надеж. Знам дека чекате повеќе, и искрено ви велам и јас сакам повеќе. Но најважно е дека патот е отворен. И дека веќе почнавме. Почнавме да ја враќаме довербата во државата и да ни се создава надежта дека иднината може да биде подобра.

Твоето маало, твојата општина, твојот град, тоа не се само зборови. Тоа е твојот дом. И за домот се бори човек со сè што има.

Затоа овие избори не се само политика. Овие избори се твојата приказна. Тоа е избор за училиштето каде учат твоите деца или внуци. За паркот каде се среќаваш со пријатели.

Затоа масовно на 19 октомври да заокружиме број 9 за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести