Skip to main content

Мицкоски од Ресен: Сите заедно ја пишуваме приказната за нашата татковина Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на ресенчани им порача дека сите заедно ја пишуваме приказната за нашата татковина Македонија.

Јас сум апсолутно свесен за тежината на очекувањата, свесен сум за наследените проблеми и разочарувања. Знам дека се уште се живее тешко, но исто така верувам дека вистинските промени не доаѓаат како молња , туку како изгрејсонце, тивко но неизбежно. Прво зрак, па светлина, па ден. И тој ден ќе биде наш. Тоа е влог за твојата улица, твојата градина, твоето училиште, товјот парк… тоа е избор дали ќе останеме исправени и ќе одиме напред или ќе дозволиме повторно да не вратат назар, таму каде што надежта се губеше, а довербата се рушеше, истакна Мицкоски.

Поврзани вести