Skip to main content

Мицкоски: Очекувам година во којашто ќе имаме напредок

„Би сакал да ја искористам оваа можност и на сите православни христијани да им го честитам Христовото раѓање“, рече премиерот Христијан Мицкоски по централната литургија по повод празникот Божиќ и додаде:

Христос се роди, навистина се роди.

Нешто што преставува голем ден за православните христијани, а на сите граѓани во нашата Македонија да им посакам пред сѐ здравје, затоа што здравјето е најважно, а потоа сите убавини на овој свет во нивните домови да им се случат. Очекувам година во којашто ќе имаме напредок, година на прогрес во секој план, тоа нормално го посакувам и за тоа како Влада во годината којашто следи ќе работиме.

Уште еднаш дозволете ми на сите да им го честитам Божиќ и да им посакам убав и мирен ден, кажа Мицкоски по Божикната литургија во Соборниот храм во Скопје.

Поврзани вести