
Кочани беше дел од вечерашниот говор на премиерот Христијан Мицкоски кој се обрати пред младите од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
-Сакам да се осврнам и на некрофрилијата на СДСМ, познатата стратегија на СДС да ги злоупотребува сите колективни или индивидуални несреќи и да создава политика од нив. Сакам да предупредам за скриената и се поголема манипулација и свесно фрлање на прашина во очите на целата јавност која се прави со темата Кочани. Таму гледаме полека како едно граѓанско движење за поддршка на Кочани преминува во политичко движење . Од поддршка на ужасите жртвите од ужасниот хорор во Кочани говорат за катни гаражи, водоводи канализации, исполнети неисполнети ветувања и се така по ред во духот на локалните избори – рече Христијан Мицкоски во своето обраќање на 34 Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот Мицкоски потенцира дека паралелно со тоа тече прекиот суд на СДСМ каде, како што вели постојано како папагали повторуваат Христијан Мицкоски да си оди, Христијан Мицкоски да си оди.
Да ве потсетам на неколку работи од минатото како завршија. Се сеќавате ли на трагедијата со маката Тамара. Се сеќавате ли на трагедијата Мартин Нешковски. Се сеќавате ли на жртвите од Смилковското Езеро, се сеќавате ли дека истите овие луѓе ветуваа правда, ветуваа мир, ја злоупотребуваа на некрофилски начин и тогаш и денес трагедијата на родителите и блиските на семејствата. А што добија. Станаа милијардери, а вистината и тогаш и денес беше таа дека единствената владина и политичка опција која што прави и сочувствува и сака да направи е владата на ВМРО-ДПМНЕ. Да не дозволиме овие некрофили да манипулираат со човечката судбина и на тој начин да се обидуваат да се вратат на власт – рече премиерот.
Тој додаде:
-А јас нема да дозволам на грбот на напатениот народ да прават политика и безобразно да ги злоупотребуваат судбините на цел еден град. За Кочани не се помага со прес конференции, туку со дела, а историјата на СДСМ на груба злоупотреба на трагични случаи станува препознатливо портфолио на политичкото делување на оваа партија, што само покажува во каква очајна состојба е оваа партија во отсуство на реални проекти и политики со кои би го привлекле вниманието на јавноста. Што се однесува до владината поддршка за Кочани таа ќе продолжи и воедно сакам да објавам дека интензивно работам на проект кој ќе биде од историско значење за градот, и ќе помогне директно за животот на секој еден жител на Кочани. Ова го работам со ЕУ. Со тоа што драматично ќе се подобрат условите за живот. Деталите за овој проект на кој интензивно работат очекувам наскоро да бидат соопштени на македонската јавност – додаде Мицкоски.