
Премиерот Христијан Мицкоски најави модернизација на вооружените сили, подлабока интеграција во НАТО стандардите, поголема безбедност на границите, спротиставување на шверцот, засилена соработката во образованието. Тој рече дека ова ќе дојде со новиот стратешки договор со Обединетотот кралство.
Овој чин е неповратен чекор напред во изградбата на иднината. Нашите две држави ги поврзуваат заеднички вредности – слобода, демократија, владеење на правото, длабока посветеност кон проспиритетна европа, ова е многу повеќе од билатерален ангажман. Ја отвораме соработката во одбраната, во образованието, здравството, културата, економскиот развој и инвестициите. Со овој документ се праќа порака дека граѓаните се најважни. Овој договор е наш труд со месеци“, рече Мицкоски.
Тој најави дека партнерството со Обединетото кралство ќе биде основата на инвестициски циклус од 6 милијарди евра, кои ќе се употребат за инвестиции во инфрасткрутурата, изградба на модерна карго и брза патничка железница од Табановце до Гевгелија, инвестиции во здравството, завршување на проектот на болницата во Штип заедно со студентскиот дом, изградба на болницата во Кичево, реконструкција на болницата во Тетово.
Прашан како ќе дојдат средствата од 6 милијарди евра, тој рече дека работат на деталите.
Не е се уште завршено, иако сме блиску до конечно решение. Репер ни се два параметри – грејс период и долг период на отоплата“, рече Мицкоски.