Skip to main content

Мицкоски: На Вевчани му треба домаќинско работење, Спасе Кочоски покажа како одговорно и чесно се прави тоа

Принтскрин од видео

Некако стана обичај да се видиме на стартот од кампањата, но вие знаете дека јас сум секогаш сум тука и кога не е изборна кампања и кога промовираме проект и кога се случува надалеку познатиот Вевчански карневал. Сакам да знаете дека сум бил и секогаш ќе бидам достапен за ова историско и храбро место, порача во своето воведно обраќање на митингот во Вевчани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Овие избори се повеќе би рекол од едноставна одлука на самиот ден на изборите. Ова се избори за тоа како тоа како сакате да продолжи да се развива општината, затоа што во Вевчани не е само културата, важен е и духот кој го носите во себе, тука се и маалата, улиците, природата, зелените површини. Но овие избори одлучуваме за микро светот во кој пораснавме, во кој се гради карактерот на секој еден од нас, истакна Мицкоски.

На Вевчани му треба домаќинско работење, Спасе Кочовски во изминатите четири години покажа како во едни тешки услови како се работи чесно, одговорно и посветено, потенцираше Мицкоски.

Поврзани вести