Skip to main content

Мицкоски на средба со кралот Чарлс: Признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности

Facebook/Hristijan Mickoski

Во рамките на престојот во Лондон, премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со неговото кралско височество, Кралот Чарлс III.

Премиерот Мицкоски информира дека средбата со Кралот Чарлс III била искрена и содржајна.

Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството, напиша Мицкоски во објавата денеска на неговиот фејсбук профил.

Во рамки на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес кој се одржува во Лондон, премиерот Мицкоски ќе оствари повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото Кралство.

Поврзани вести