
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на настанот „Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, што ќе се одржи во паркот „Авионче“ во општина Аеродром.
Настанот, кој го организира здружението „Наша традиција, наша иднина“ со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, има за цел да ја промовира традиционалната македонска храна, карактеристична за секоја општина, како и убавините на нашиот рурален туризам.