Skip to main content

Мицкоски: Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“

Добра вест Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“ , објави денеска на својот фејсбук профил Премиерот Мицкоски.

Бележиме скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година на листата на „Економист“, наоѓајќи се на 62 место на листата.

Зад Македонија се најдоа Србија, Албанија и БиХ. Србија е на 64-тото место, Албанија на 66-место, а БиХ на 88-мо место.

Во 2023-та и 2022-та Македонија се наоѓаше на 72-то место на листата на еминентниот „Економист“ во однос на Индексот на листата за демократија.

Продолжуваме заедно да работиме и да ја нормализираме државата. Македонија ќе биде повторно ваша!

Поврзани вести