Skip to main content

Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на гостувањето во поткастот „Риштази“ се осврна на обвинувањата кои доаѓаат од страна на опозицијата дека државата е пред банкрот и заради тоа се прават позајмици од М-Нав и други институции.

„Имам јас лоша вест за опозицијата. Велеа 2024 дека ќе банкротираме и 2025 и 2026 и им велам дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија долгови, незавршени проекти, руиниран систем, ограбен систем, понижен систем, систем којшто беше тотално нефункционален. Инаку тоа што овие три државни институции и помогнаа на една друга државна институција е 256 пример во историјата на оваа земја, бидејќи 255 пати во минатото, вклучително и претходната влада, постапувала на ист начин. Исто така имам лоша вест за нив, во август месец тие средства ќе бидат од страна на ЈПДП вратени на овие три институции“, истакна Мицкоски.

Поврзани вести