
Дел на судии и обвинители не ја заслужуват ниту оваа плата, ќе ги зголемиме платите на администрацијата во судовите и обвинителствата, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
На цела македонска јавност и стана јасно дека не зборуваме за суштински во судството и обвинителството, туку зборуваме за зголемување на буџетите со цел зголемување на платите, тоа е реформата и добро е што сега македонската јавност може да суди, дали овие кои што, мал дел кои што го загрозуват овој процес, и обвинители и судии кои што не ја заслужуват ниту оваа плата која што ја земаат – рече Мицкоски.
Ќе ги зголемиме платите во судско обинителската служба, најави премиерот.
Дали ние ќе одвоиме два пати повеќе од некои многу поразвиени членки на ЕУ, еве оставам јавноста и граѓаните да судат за платите на судите и обвинителите, тоа е суштината. Значи ние континуирано зборуваме за зголемување на платите и обвинителите. Никој не е против, измените на законот за обинителска и судска служба, тие се два закони каде што администрацијата за вработените во судовите и обвинителствата ќе ги зголемиме платите и тоа ќе го направиме и тоа е дел од преговорите што ги водиме со синдикатите и подготвени сме тоа да го направиме, и тука никој нема против затоа што дискрипанцата е пет спрема еден, седум смрема еден помеѓу нивните асистенти и помошници и самите обвинители – потенцираше Мицкоски.