Јавните здравствени установи ќе добијат Буџет поголем за 100 милиони евра, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
-Можам да кажам и да ја информирам македонската јавност и граѓани дека јавните здравствени установи ќе добијат буџет за повеќе од 100 милиони евра, споредено со буџетот кој што го имаа минатата година, рече Мицкоски.
Овогодинешниот Буџет во Јавните здравствени установи ќе биде околу 540 милиони евра, вели премиерот Мицкоски.
-Ако минатата година буџетот се движеше некаде 27 милијарди денари, сега е некаде 33,2 милијарди денари или околу 540 милиони евра. Значи, за 100 милиони евра повеќе ќе добијат ЈЗУ-ата споредено со она што кое беше буџет предходната година и убеден сум дека конечно во здравството, граѓаните ќе ги добијат оние услуги кои што ги заслужуваат и сигурен сум дека тоа ќе се случи, но важно е да потенцираме дека повеќе од 100 милиони евра ќе биде поголем буџетот оваа година споредено со 2024 година. Се разбира тука веќе од март, мартовката плата ќе продолжи онаа исплата на зголрмрниот личен доход за медицинските работници. Тука мислам на докторите и медицинскиот персонал, така што ценам дека во насока на тоа треба сите да работиме за граѓаните да ја добијат заслужената здравствена нега појасни Мицкоски.