Skip to main content

Мицкоски: Изјавите на Филипче се какафонични, една со друга контрадикторни

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Тој изврши увид на нова апаратура која беше поставена на одделот за физикална терапија и рехабилитација. Одговарајќи на новинарско прашање по изјава на Претседателот на СДСМ Венко Филипче за тоа како работи Владата, премиерот даде свое видување.

Венко Филипче е сеуште претседател на најголемата опозициска партија во Македонија. Тој е нормално така да ја оценува Владата бидејќи тој мисли дека на тој начин ќе добие поддршка во своето гласачко тело и кај граѓаните. Тој ја оценува Владата за година и половина свое работење и тука дава свoј суд, но затоа пак никогаш не дава свој суд за своето претседателство кој за истиот период во СДСМ. За тој период вели дека е прекраток за да се цени неговата работа, но тогаш како наоѓа за сходно да ја цени Владата за тој ист период. Изјавите се какафонични, една со друга контрадикторни и не мислам дека тоа е правата порака што треба СДСМ да ја испраќа. Но, тоа се нивни работи и тие знаат како треба да работат.

Поврзани вести