Skip to main content

Мицкоски: Исто како и Трамп и нашата влада победи со огромно мнозинство

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на конференцијата CPAC – големиот десничарски настан кој се одржува во Вашингтон, а на кој годинава ќе се обрати и претседателот Доналд Трамп, на која се обратија потпретседателот Џеј Ди Венс, спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, голем број претставници на администрацијата на Трамп, странски државници и водечки десничарски коментатори од САД.

Тој истакна дека Македонците во САД се определени за претседателот Доналд Трамп, притоа појаснувајќи дека исто како и Трамп, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победи со огромно мнозинство на минатогодишните претседателски и парламентарни избори.

Ние бевме избрани како нова влада со големо мнозинство од нашите граѓани, пред осум месеци. Ние сме мултиетничка држава во која мнозинството, околу две третини, се Македонци, а една третина се Албанци, Срби, Турци, Власи, Бошњаци и други. Има и многу Македонци кои живеат овде во САд, но и во Канада, Австралија. Имаме голема дијаспора во странство која е речиси во еднаков број со луѓето коишто живеат во татковината. Тоа е една причина зошто мојата земја е важна за САД“, изјави Мицкоски.

Поврзани вести