Skip to main content

Мицкоски: Инспекторатот за употреба на јазиците оди под надлежност на Министерството за правда, да се реши проблемот со платите

Заедно со првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити реализиравме средба со директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи и дел од вработените, со цел Владата да изнајде решение за исплата на заостанатите плати на вработените во горенаведениот Инспекторат кои веќе 5 месеци не земале плата, информира премиерот Христијан Мицкоски.

-Како резултат на конструктивниот дијалог и посветеноста на Владата да обезбеди институционална функционалност и правична исплата, Инспекторатот за употреба на јазиците ќе биде под надлежност на Министерството за правда. И по усогласувањето на законот за Инспекторат за употреба на јазици со Законот за организација и работа на органите на државната управа што веќе еден месец се наоѓа во собраниска процедура ќе им се овозможи на вработените да земаат плата. Бидејќи ова е прашање поврзано со Бадентер, очекуваме сите политички партии во Собранието да постапат рационално и конструктивно, без блокади и без обиди за политичка злоупотреба на ова прашање, кое директно ја засега егзистенцијата на семејствата на вработените во Инспекторатот, рече премиерот.

Понатаму ќе се состави работна група и ќе се направи конечна реорганизација на инспекторат со неговите надлежности.

Поврзани вести