Skip to main content

Мицкоски: Инфлацијата оваа година меѓу 3,5 и четири проценти

МИА

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во изјава за медиумите во Петровец, посочи дека проекциите на Владата за инфлацијата во 2025 година се меѓу 3,5 и четири проценти.

Премиерот одговарајќи на прашање на новинарите по однос проекциите на Народната банка за поголема стапка на инфлација споредбено претходните предвидувања на владиниот кабинет, истакна дека било очекувано овој октомври инфлацијата да биде поголема во споредба со истиот месец лани.

Очекуваме инфлацијата овој месец да биде нешто поголема бидејќи таа беше многу ниска минатиот октомври, поради мерките што тогаш ги презедовме. Значи базата е ниска, но во рамките на 4 односно 4,5 проценти. Годишната за 2025 година очекувам да биде меѓу 3,5 и 4 проценти, а следната година да биде меѓу 2 и 3 проценти. На тој начин планираме да ги поставиме нашите проекции, рече премиерот Мицкоски.

Проекцијата на Народната банка е инфлацијата оваа година да изнесува 3,9 проценти.

Поврзани вести