Skip to main content

Mицкоски го праша Филипче: Дали поддржуваш лице кое е на црната листа на САД?

 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање околу заедничката фотографија на Маја Мојсовска и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош Сотир Лукровски и дали постои договор за поддршка, одговори дека карпошани на овие избори избрале да не поддржат човек кој е на црната листа на стратешкиот партнер САД.

– Карпошани на овие избори избраа да не поддржат човек кој е на црната листа на нашиот стартешки партнер САД, избраа да не поддржат човек којшто е осуден за криминал од прв степен од Основниот суд, и карпошани во првиот круг му дадоа огромна доверба на Сотир Лукровски, кој пред неговиот противкандидат води со 1500 гласа разлика. Претпоставувам дека останатите кандидати и политички чинители во Македонија исто така ќе се согласат со ова што ќе го кажам а тоа е дека нема да поддржат кандидати кои се наоѓаат на црната листа поради криминал кај нашиот стратешки партнер САД и нема да поддржат осудени во прв степен лица кои на овие локални избори излегуваат и се обидуваат со старите трикови да ја добијат поддршката на карпошани, рече Мицкоски во изјава за медиуми на мини митингот во Центар.

Појасни дека во тој контекст ја гледа и средбата меѓу кандидатката на СДСМ Маја Мојсова и како што рече, идниот градоначалник на Општина Карпош Сотир Лукровски.

– Можеби вистинското прашање за претседателот на СДСМ е дали тој поддржува лице кое е на црната листа за сторен криминал кај нашиот стратешки партнер и дали поддржува лице кое е осудено во прв степен заради сторен криминал. Можеби тоа е вистинското прашање, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести