Skip to main content

Мицкоски го добил и официјално предлогот Азир Алиу да биде иден министер за здравство

Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го добил и официјално предлогот на Вреди информатичарот Азир Алиу да биде иден министер за здравство и дека деновиве ќе го достави до пратениците во Парламентот.

Со Алиу се познаваме, така што, мислам дека добро ќе соработуваме во рамки на Владата, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за промоција на оперативниот план за вработување.

За тоа дали власта сега ќе има бадентерово мнозинство во Собранието, Мицкоски рече дека, во зависност од потребата така ќе се креираат условите.

Прашан за коментар на неодамнешниот избор на апелациони судии, при што беше избрана сопругата на неговиот советник за надворешни работи Марковкси и сопругата на претседателот на Уставен суд, Мицкоски рече дека од тоа што тој е информиран постапката за избор на судии е отпочната пред три и пол години.

Госпоѓата што прва ја споменавте, која што е сопруга на амбасадорот Марковски, кој е дел од мојот кабинет е прворангирана на тој список. За дополнителни коментари би Ве насочил кон Судскиот совет, тие да дадат одговор, бидејќи тие се тиа кои што ги бираат и тие се тие кои ги рангираат, изјави Мицкоски.

Поврзани вести