Skip to main content

Мицкоски: ДУИ ја споменуваме само по криминалите генерирани од високите функционери на таа партија

Јас единствено може да го кревам рејтингот на коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ ја споменуваме само по криминалите генерирани од високите функционери на таа партија, рече во вечерашното гостување во централниот дневник на Алсат премиерот Христијан Мицкоски.

Запрашан дали со постојаното споменување на ДУИ го крева рејтингот на таа партија Мицкоски рече:

„Мораме да го споменеме ДУИ за да се потсетиме на наследството од ДУИ во изминативе 22 години власт во Македонија…моите изјави секогаш се насочени кон криминал и корупција коишто биле генерирани од високи функционери на ДУИ. Ако на тој начин мислите дека го кревам рејтингот, тогаш имаме различно разбирање на политиката“, рече Мицкоски.

Поврзани вести