
Исклучително добар одзив има на повикот за ваучери за студенти за електронски уреди, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Заклучно со вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите во вредност од 15.300 денари. Како ќе се искористат тоа оставаме на совеста на тие кои ги користат. Како Влада го ветивме и го испорачуваме проектот – посочи Мицкоски.
Додаде дека го загрижуваат појавите за евентуална препродажба на ваучерите.

Македонски








