
Денес зборувам пред луѓе кои носат посебна тежина во ова општество, луѓе кои ја знат татковината одвнатре и од надвор. Луѓе кои заминале не затоа што сакале да ја напуштат татковината туку затоашто животот, времето и околностите ги натерале да бвараат подобри услови, сигурност и перспектива. И, најважно луѓе кои се вратиле тука и започнале нова успешна приказна – истакна денеска во своето обраќање на Форумот на повратници во Македонија премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски рече дека нивното враќање не е симболично и е порака дека корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува.
Вашето враќање не е симболично, тоа е суштинско. Тоа е порака дека Македонија не е заборавена, дека корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува без разлика на годините и далечината – рече премиерот.
Многумина заминаа затоа што нема избор, затоа што сакаа подобро образование за своите деца, посигурна работа, достоинствена плата, стабилен живот, додаде премиерот.
Сакам јасно и искрено да кажам, ние не можеме да се лутиме на оние кои заминале, ги разбираме. Ја разбираме нивната мака, ја разбираме нивната мака, нивната борба. Знаеме дека многумина замина затоа што нема избор, затоа што сакаа подобро образование за своите деца, посигурна работа, достоинствена плата, стабилен живот и тоа е нормална човечка потреба, тоа е борба за иднина. Но, исто така знаеме и нешто друго дека колку и да оди човек далеку, серцето секогаш го влечи назад затоа што како што мудро вели нашиот народ каменот тежи на своето место. Каде и да одите низ светот, колку и да сате успешни таму секогаш ќе бидете дојденци – посочи Мицкоски.

Македонски






