
Премиерот Христијан Мицкоски, преку својот фејсбук профил, порача дека загинатите во трагедијата во Кочани засекогаш ќе останат во сеќавањето.
63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 приказни што прерано запреа, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање. Засекогаш ќе останат дел од нашите мисли, нашата тишина и нашето сеќавање“, напиша премиерот.
Во Фејсбук објавата, Мицкоски сподели и видео од поменот – една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Македонски

