
Маските паѓаат! На денешната седница на Собранието на Република Македонија, каде што тема е Ребалансот на Буџетот, му реплицирав на поранешниот вицепремиер од Владата на ДУИ и СДС Фатмир Битиќи, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски.
Откако го соочив со вистината и му искажав неколку факти, некогашниот вице премиер во очигледна нервоза и паника, видно изнервиран го покажа вистинското лице. Почнаа навреди за семејство, за новинарите! Маските паднаа и се виде вистината. А, вистината можете да ја видите на видеото. Може да се види нервоза, агресивност, дрскост и еден исплашен човек, рече тој.
„Човек кој мисли дека ако навредува и глуми жртва некој ќе му се смилува.
Дека одговорноста за постапките ќе биде заборавена.
Е вакви луѓе ни ја воделе државата, вакви луѓе ја кроеле нашата судбина.
Добро е ова видео да има јавна осуда – за никогаш повеќе вакви луѓе или слични на нив не дојдат во можност да водат институции или сериозни процеси во нашата држава“, порача Мицевски.