Skip to main content

Meџити ги потсети ДУИ за аферата „Дака Давидовиќ“

Пратеничката Рина Ајдари од Европски фронт на денешната седница за пратнички прашања го праша првиот вицепремиер Изет Меџити за неговиот сопартиец во Вреди, Биљал Касами, со тврдење дека како градоначалник на Тетово продал „за приватни интереси“ јавен простор во центарот на градот, парцела од околу 2900 квадратни метри за 190 000 евра, а, како што рече, реалната цена е десет пати повисока. 

На обвинувањата за градоначалникот на Тетово, Меџити на седницата за пратенички прашања одговори дека во таа општина се познати парцелите дадени на црногорскиот бизнисмен  Миодраг Давидовиќ – Дака кој е, рече, „на црната листа на САД“.

-Беше скандалозно тоа што вие го направивте во Тетово со Дака Давидовиќ, парцела со големи размери од Тетово. Најтрагично е што не е инволвиран „Српски свет“ туку црногорското и српското подземје. Вие немате никакво морално право да обвините некој друг ако такво нешто е продадено. Јас ќе ви дадам одговор и за конкретното прашање што го поставивте и ако треба ќе дискутираме и како го донесовте Дака Давидовиќ во срцето на Тетово. Треба да дадете одговор за Дака, за Соравија и потоа да дискутираме за други прашања, додаде Меџити.  

Незадоволна од одговорот, пратеничката Ајдари реплицираше дека тоа што го тврди било во периодот кога тој (Меџити) бил потпретседател на ДУИ и, како што рече, бил „тесно врзан со структурите за кои алудира дека го направиле тоа“

Поврзани вести