Skip to main content
r3l6geZZTFw

Манасиевски: Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје и кафулиња со тераси, тоа е Левица

Facebook/Levica

Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје и кафулиња со тераси, тоа е Левица, на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Како довчерашните скромни момчиња, сега станаа тајкуни?

Дали Апасиев и луѓето околу него едвај чекаа да дојдат на власт, за да се богатат?

Глумецот Апасиев, кој одеше со точак на работа и глумеше дека е дете од ниска класа, сега преку Левица купува деловни простори од над 400м2, во соработка со извршителите, кои до вчера ги плукаше и укинуваше.

Деловниот простор кој не бил само подрум, туку и објект со високо приземје, е во сопственост на членот на Централниот комитет на Левица и член на УО на Водовод, Зоран Ивановски.

Излегува на виделина целата вистина околу вистинското лице на Левица и Апасиев. Од велосипеди, глумење скромност, до џипови паркирани по тревници до Собрание. Од подрум, до деловен простор со кафуле “Павилјон 36”. Од плукање и укинување на извршителите, до соработка со нив за купување на простор по 3 пати пониска цена од пазарната.

Апасиев и Левица се демаскирани. Толку од нивната пропаганда дека се чесни, скромни и работници. Преку ноќ, тие станаа могули со кафулиња, врз грбот на нивните членови.

Апасиев да одговори на што ги троши чланарините на неговите членови? Дали за деловни простории, џипови или луксузни одмори во Грција?

Апасиев и Левица се прочитани!, рече Манасиевски.

Поврзани вести