Skip to main content

Лукроски: Со вашата доверба, ќе го вратиме Карпош на вистинскиот пат

Кандидатот за градоначалник за општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски упати порака до своите сограѓани – Kарпошани.

Пред нас е нова можност. Ова не е само уште една изборна кампања, ова е време да донесеме правилна одлука за иднината на Карпош. Мојата кандидатура за градоначалник ја доживувам како чест, но и како огромна обврска пред секој од вас, обврска да понудам нов пристап, енергија и лидерство – објави Лукровски.

Тој потенцира дека, Карпош со години е оставен да стагнира.

Наместо ред и развој, гледаме бетонизација без план, хаос со паркирањето, нарушена хигиена и јавни простори што изгледаат запуштено. Ова е факт кој сите го знаеме и го чувствуваме секојдневно. Но, јас не сум овде да ја повторам истата приказна. Јас сум овде за да понудам решенија и визија за поинаков Карпош – додава Лукроски.

Тој верува дека е време да се проба поинаку.

Да ставиме крај на старите практики и да изградиме современа, функционална и уредена општина. Мојот тим и јас подготвивме јасен план со конкретни активности, рокови и приоритети. Тој план е создаден врз основа на вашите реални потреби: повеќе паркинг места, подобра хигиена, сигурна инфраструктура, развиени училишта и градинки, поддршка за спортот и културата, заштита на зеленилото и дигитализација на услугите – објави кандидатот за градоначалник на општина Карпош и додаде: Карпош мора повторно да стане општина во која се живее со гордост – модерна и зелена, со простори што инспирираат, со квартови што даваат чувство на сигурност и со институции што функционираат како вистински сервис на граѓаните. Затоа велам: „Нашата љубов за Карпош мора да ја преточиме во дела“.

Знам дека нема да биде лесно. Ќе има предизвици и моменти кога ќе треба да се носат тешки одлуки. Но, уверен сум дека со работа, искреност и посветеност можеме да успееме. Моето искуство и поддршката од мојот тим ми даваат сила да застанам пред вас и да кажам дека сме подготвени.

Нашата општина заслужува повеќе и подобро. Затоа, ве повикувам да се обединиме околу заедничката цел. Да го изградиме Карпош каков што сите го посакуваме. Јасно, транспарентно и со љубов за нашето место.

Со вашата доверба, ќе го вратиме Карпош на вистинскиот пат. Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина“!- заклучува на крајот Лукровски.

Поврзани вести