Skip to main content

Лефков: Шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар, Филипче јавно нека се откаже од Зоки

Во изминатиов период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес имаме и докази. Полицијата го уапсила лицето А.Н. шофер на Зоран Заев за подметнување на пожар, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него фактот што шоферот на Заев ги подметнувал пожарите, отвора прашање, каква е вмешаноста лично на Венко Филипче, знаејќи за нивната блискост и поврзаност?

Дали има организирана група во СДС за палење пожари и предизвикување хаос во државата? Ако човек од најблиското опкружување на Заев пали, тогаш се поставува прашањето не само дали, туку колкумина се дел од организирана структура и мрежа на пиромани?

Оттука, го повикуваме Венко Филипче, ако не стои заедно со Заев зад потпалувањето на пожарите, јавно да се откаже од него, наместо да биде негов потрчко и извршител“, истакна Лефков..

Шоферот на Заев според нашите информации подметнал пожар во атарот на браната Водоча во Струмица. Ова е доказ дека пожарите во Македонија не се природна непогода, туку смислено сценарио на СДС и луѓе блиски со нив, со цел создавање нестабилност и хаос во државата.

Крајната цел како што кажавме веќе била да се обвинат институциите дека не можат да се справат со пожарите.

И двете цели се разбиени. Целата јавност од денес знае дека луѓе блиски на СДС стојат зад пожарите.

И институциите молскавично брзо се справија со пожарите, иако тие беа подметнувани и организирано палени и разгорувани.

Ги повикуваме институциите да го казнат со најстрога казна шоферот на Заев, но во исто време да истражат до каде води линијата на наредба.

Очекуваме од ЈО да не го штити шоферот на Заев. Одговорност мора да има, како за потпалувачите на пожарите, така и за нивните политички ментори.

Сакаме да веруваме дека веќе заврши времето кога одредени луѓе беа над законот. Очекуваме и бараме истрагата да оди до крај. Ако некој мисли дека со лични врски и поранешни позиции ќе се спаси, длабоко се лаже, потенцира Лефков.

Поврзани вести