Skip to main content

Лефков: Измените на Законот за јавни обвинители и новите правила за избор ќе ја зголемат одговорноста и транспарентноста во судството

ВМРО ДПМНЕ

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за изборот на нов јавен обвинител, истакнувајќи дека судството е еден од најголемите предизвици со кои се соочува Владата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Судството е еден од големите предизвици со коишто се зафати оваа Влада, истражувањата знаете 2% доверба и огромната недоверба во судството претставуваше значаен проект со кој требаше да се зафати оваа Влада и затоа реформите во судството се дел од реформската агенда, како што рековме Законот за судски совет којшто го поминавме и усогласен со препораките од Европската комисија и со Венецијанската комисија понатаму во овој пакет е и Законот за јавни обвинители и нови правила за избор на јавни обвинители“, вели Лефков.

Пратеникот Лефков во емисијата истакна дека измените на Законот за јавни обвинители и новите правила за избор се од суштинско значење за зголемување на одговорноста и транспарентноста на судството.

Ние покажавме во изминатиот период дека одговорен за состојбите во јавното обвинителство и тоа според Законот за јавни обвинители е токму јавниот обвинител, и со таквиот пристап којшто го имаме конечно се повикуваат на одговорност дека треба да се грижат за уледот на институцијата која што ја водат, а ќе ве потсетам дека и извештаите што ги доставуваа и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители беа само налик на одредени статистички истражувања во кои се нотираше број на предмети по кои се постапувало без навистина да се влегува во содржината и суштината. Со овие измени на Законот за јавни обвинители како и со менување и нови правила на избор на јавни обвинители ќе треба да се зголеми одговорноста, транспарентноста, меѓутоа и самите критериуми за избор“, рече Лефков.

Поврзани вести