Skip to main content

Латас до Костадинов: Небитно е дали бил нашмркан кога тоа го пишувал, ќе поднесам кривична пријава

Новинарот Драган Павловиќ Латас му одговори на повикот за убиство од страна на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов. Латас најави и кривична пријава и додава оти не е битно дали Костадинов бил нашмркан кога тоа го пипувал.

Плукам на тебе и на твојата фамилија која те создала и воспитала таков, убиец во најава. Ти си срам за себе, за својата фамилија и за Струмица која масовно ја рекетираш и крадеш, за што допрва ќе се пишува и чита. Ни син, ни маж, ни политичар. Нула. Гнида отфрлена од сите.

Меѓу неговите другари дилери и пријателите дилбери со дебели вратови и ментални проблеми има кандидати за извршување на неговите намери. Да се докажат пред лигавиот, да му учинат. Но, на крај тие ќе лежат во затвор наместо него, што баш и не им личи прифатливо. И поттикот на убиство извршено од друг е кривично дело, пишува Латас.

Поврзани вести