Skip to main content

Лани пораснал бројот на запишани студенти, најголем интерес имало за медицина

Фрипик

Вкупно 53.535 студенти се запишале на додипломски студии во академската 2024/2025 година, што претставува зголемување од 2,3 проценти во споредба со претходната година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Од вкупниот број запишани студенти, поголемиот број се студентки, односно 31 734 или 59,3 отсто од сите запишани.

Најголем дел од студентите, дури 76,8 проценти, се одлучиле за студирање на државните високообразовни установи, додека преостанатите 23,2 проценти се запишани на приватните факултети.

Во прва година на студии во академската 2024/2025 година се запишале 14 644 студенти, што е 27,4 отсто од вкупниот број. Од нив, 13 825 студенти се запишале првпат на студии, додека останатите се запишуваат по втор или повеќепати, се додава во извештајот од ДЗС.

Кога станува збор за изборот на студии, здравството и социјалната заштита се покажале како најпривлечни, со 13 371 запишан студент. Веднаш по нив следуваат областите бизнис, администрација и право со 10 839 студенти, и информатичко-комуникациски технологии со 8 875 студенти.

Најмал број запишани студенти, 740, има во областа земјоделство, шумарство, рибарство и ветерина.

Поврзани вести