Skip to main content

Крешник Бектеши со лисици на рацете од полициската станица Карпош го носат на распит во Кочани

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, пред малку, со лисици на рацете во полициско комбе излезе од полициската станица Карпош.

Бектеши, кој од вчера беше на распит во Карпош, сега, како што дознаваме ќе биде транспортиран во Кочани, на распит кај судија на претходна постапка, пренесе Канал 5 телевизија.

Воедно во Кочани се наоѓа и тимот обвинители, кои вршат увид во причините и одговорните за настанот.

Крешник Бектеши е осомничен дека во неговиот мандат како министер за економија, ѝ била издадена лиценца на дискотеката „Пулс“ , иако немала никакви услови за тоа. Во неа загинаа 59 млади луѓе.

Поврзани вести