Skip to main content

Костадинов: Денеска во Владата ги потпишавме договорите за стратешки важни проекти за нашата Струмица

Фото: Фејсбук/ Костадин Костадинов

Денеска во Владата ги потпишавме договорите за стратешки важни проекти за нашата Струмица, со вкупна вредност од речиси 6.5 милиони евра, објави на Фејсбук градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Продолжуваме со уредувањето на каналот Крушевска Република, инвестираме во станбени и сервисни улици, обезбедуваме целосна инфраструктура околу новиот градски пазар, кој ќе биде најголем во Македонија.

Ова не се само проекти – ова се конкретни чекори за ново урбано лице на нашиот град. За повисок квалитет на живот, за поубава, поподготвена, похумана и поевропска Струмица.

Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот, кои ја препознаа нашата визија и го валоризираа трудот што го вложивме, истакна Костадинов.

Струмица чекори напред. Заедно, со работа, со визија, со љубов кон градот. Од срце – за мојата Струмица, додава тој.

Поврзани вести