Skip to main content

Коњановски: И Битола по примерот на други градови, е пред предизвикот за зголемување на цените на услугите

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски во јавно обраќање поврзано со состојбите и предизвиците на локалните јавни претпријатија најави корекција на цените на услугите на јавните претпријатија.

Според градоначалникот Коњановски, потребно е подобрување на рентабилноста и поголема ефикасност во давањето на локалните услуги од страна на претпријатијата.

Темите со јавните претпријатија и нивните состојби честопати се предмет на дискусија во јавноста. Ова мое обраќање е во насока на подобрување на нивната рентабилност, односно нивна поголема ефикасност во давањето на своите услуги до корисниците. Секое од нив се бори со своите предизвици. Пред неколку години енергетската криза беше голем удар за нив. Зголемувањето на платите согласно зголемувањата на минималната плата исто така имаат влијание врз нивната работа, а неопходно е и вложување, односно инвестиции во механизација, кои се сега далеку попотребни од било кога, со оглед дека сме пред нова градежна офанзива каде и тие треба да сработат голем дел од проектите кои ги доби општина Битола од Владата“, рече Коњановски.

Тој додаде дека во Битола има претпријатија кои со децении немале коригирани цени, односно не се случило поскапување.

Како пример, комуналните услуги не се променети од 1994 година. Она што сакам да го кажам е дека и ние по примерот на други градови, сме пред предизвикот за зголемување на цените на услугите“, истакна Коњановски.

Тој додаде дека зголемувањето на цените не е популарна мерка, но е доволно храбра за да има претпријатија кои ќе бидат посамостојни во своето работење и многу поефикасни отколку досега.

Поврзани вести