
Нема повеќе да има по двајца-тројца студенти на една студиска програма, тоа ќе се промени во договор со универзитетите, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Денеска на прес-конференцијата таа ги презентираше поважните аспекти на новите закони за високо образование, за квалитет во високото образование и науката и за научно – истражувачка дејност, од кои, првите два се веќе објавени на ЕНЕР системот и достапни за коментари и сугестии од јавноста.
Нашите универзитети спроведуваат некаде над 1.300 студиски програми. Притоа, постојат случаи каде на една студиска програма се запишани само двајца, тројца или пет студенти, што е апсолутно неприфатливо. Оттука, во договор со универзитетите, се договоривме дека тој систем на такво студирање ќе го промениме, а тоа го предвидува и законот. Ќе воведеме модуларност. Тоа значи, на пример: На Правниот факултет, сите студенти ги завршуваат првите две години заедно. Првите две години се исти за сите и сите добиваат основа за дипломиран правник. Во вторите две години (трета и четврта), студентот се усмерува (специјализира). Овој принцип ќе важи за сите факултети. Со ова очекуваме драстично намалување на бројот на расцепкани студиски програми, објасни денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Бидејќи сите јавни високообразовни установи во Македонија ќе треба многу брзо да се прилагодат на овие нови услови, очекуваме дека релативно голем број од нив самите ќе се затворат, или ќе бидат затворени по сила на закон, кажа Јаневска.
На пример, на Филолошкиот факултет, студентот сака да учи англиски јазик, под А ќе учи англиски јазик, под Б ако сака ќе учи германски, италијански, француски, кој и да е друг. Нема да има три студенти за германски, пет за француски, шест на чешки, туку тие ќе се запишат на странски јазик и можат да си одберат понатаму да изучуваат два, објасни министерката.
Измените се направени во договор со универзитетите, професорите кои апсолутно се согласуваат дека досегашниот систем не дава плод. Плодот е квалитетен, излезен квалитетен студент, спремен за пазарот на труд.
Досега тоа некако ни фали. Не велам дека секаде е тоа така и сите кои излегуваат не се квалитетни, напротив. Ние имаме деца запишани на првите сто рангирани светски универзитети, тоа е исклучително добар квалитет. Но генерално, ние зборуваме за просечниот студент кој треба да излезе од универзитетот спремен за пазарот на труд, кажа Јаневска.
Она што е многу интересно и што е новина во законот, а досега сме го немале, а го има во Европската Унија и имаше побарување од наши студенти кои студираат надвор, е воведувањето на стручните студии. Значи ние стручни студии имаме, тоа се овие високообразовни научно-образовни установи, всушност само образовни, каде што всушност само се доучува со 180 кредити.
Јаневска најави и новина во законот, а досега сме ја немале, а го има во Европската Унија и имало побарување од наши студенти кои студираат надвор, е воведувањето на стручните студии.
Ние стручни студии имаме, тоа се овие високообразовни научно-образовни установи, всушност само образовни, каде што се доучува со 180 кредити. Ако сакате да завршите Машински факултет, четири години траат студиите, 240 кредити, дополнително една година втор циклус, магистериум, и тоа се 300 кредити. И така е конфигурирано беше во стариот закон. Секаде во светот постојат стручни или индустриски студии. Тоа се луѓе кои се спремаат за пазарот на труд и не се заинтересирани за академски напредок или академско вработување. Тие луѓе се исклучително потребни во компаниите. Значи тие можат да завршат 180 кредити стручни студии, потоа да одат на уште една година втор циклус, значи магистериум, и потоа да одат на докторски студии. Тоа кај нас го немаше. На компанијата и треба таков усовршен кадар за одреден процес. Сега тоа го воведуваме, вели Јаневска.
Но за студентите е значајно што тие од стручни можат да преминат и на академски. Да завршат 240 па да продолжат со академски втор или трет циклус. Значајно е затоа што одреден број на луѓе кои веќе нели излегле надвор од Македонија, па дури и на Балканот, и завршиле докторски по стручни студии, не можевме, немавме начин да им ги признаеме. Тие ќе си работат во индустријата, може да бидат предавачи во средно стручно, па дури и како истакнати работници можат да ги ангажираат и факултетите, но тоа се поусогласени знаења, компетенции и вештини отколку што се академски.

Македонски



