
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, во интервју за косовската „Teve1“, зборувал за резултатите од локалните избори, како и за коалицијата НАИ, предводена од ДУИ. Касами истакнал дека гласачите го осудиле лидерот на едното крило на АА, Арбен Таравари за неговите политички игри, додавајќи дека „Таравари е подготвен денес да му го сврти грбот на Али Ахмети“.
Гласачот го осуди Таравари за неговите политички игри. Денес, Таравари, соочен со таква ситуација, со клиничката смрт на Али Ахмети, Таравари е подготвен да му сврти грб. Мислам дека Таравари треба да остане блиску до Али Ахмети. Значи, ако влегоа заедно во битката, треба да останат до крај“, рекол Касами