
Граѓани и граѓанки на Македонија, без разлика дали сте Македонци, Албанци, политичари, бизнисмени, криминалци, слободно крадете, проневерувајте, ако треба и убивајте. Не се оди во затвор. Лабаво е. Ако и полежите неколку дена, не се секирајте, гарант ќе ве ослободат. Судството и обвинителството кај нас функционираат како спортски риболов-фати, сликај пуштај Добредојдовте во пет минути посветени на овие што имаат два посто доверба,или 98 посто недоверба.
Се почна од наградата на обвинителот за организиран криминал Ислам Абази кој пред заминувањето ја запре постапката за модуларните болници. Во тој случај беше и модуларарната во Тетово во која живи изгореа 14 луѓе а колегите на Абази за виновен го прогласија кабелот. Во тоа време министер за здравство беше сегашниот лидер на СДСМ Венко Филипче. Абази,, кој беше познат по случаите….. па немаше отворено ниту еден случај, реши пред крајот на мандатот крај да го затвори и овој случај. Каков неславен крај на една партиска кариера. Кога се обработува нека се одработува до крај.
Обвинителство, Апелација, Кривичен Врховен, нема некоја голема разлика. Се е тоа исто, исповрзани се како црева. Татко син, мајка ќерка, роднини, внуци…. и од нив чекаме правда. Ќе се изначекаме. Можеби ВМРО-ДПМНЕ ја има власта две години, ама сегашната опозиција ја има судско-обвинителската власт две децении, може и повеќе. Овие денови во главна улога е Врховниот суд. Овој највисок суд го врати на повторно судење случајот со автобусот на Дурмо Турс. Ви текнува што се случи пред седум години.Автобусот од ова агенција летна по автопатот Скопје-Тетово ја проби заштитната ограда и заврши во провалија кај селото Ласкарци. Виновниците беа казнети , но така не мислеа судиите Африм Фидани, Џемали Саити, Сафет Кадрии, Цветанка Периќ и Мирјана Лазарова-Трајковска од Советот за казниви дела при Врховниот суд кои ги ослободија и случајот го вратија на повторно судење.
Кој знае дали овие судии ги прогонуваат имињата на Јовица, Зоран, Ајден, Раметула, Онур, Бобан, Бесим, Есад, Трпанa, Павле, Валдете, Дејан, Бесим, Бејза, Арсен иЕзра кои завршија под автобусот на Дурмо.
За да бидат Врховните судии личности на неделата се погрижија и со случајот со поранешниот градоначалник на Карпош Стефче Јакимовски на кого му ја укинаа првостепената пресуда и тој си заминува дома. Стварно не може му нико ништа, јачи је од судбине.

По стапките на врховнните судии е тргнат и обвинителот Даниел Коцев. Таман го смести на сигурно Артан Груби, сега не знае што да прави со Перпарим Бајрами кој сам се предаде. Не знаме дали се има испазарено, иако е многу веројатно. Сега Коцев е пред голема мака како и Бајрами да побара да оди дома наместо во Шутка.Еве од што не знаат што да прават со Перпарим и рочиштата ги одложуваат. Ако Даниел побара, Кривичен е тука да му учини.Не бива Груби да ужива во слободата, а Бајрами да ја запознава Шутка. Ред мора да има.
За да биде шоуто целосно,дома веќе е директорката на гостиварскиот комуналец Аратана Асани, а дома наскоро си заминува и Газда Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“во Кочани.Од убаво поубаво.
Како тргнала работа попрво Бугарија ќе направи устави измени отколку Македоднија

Да, прорускиот политичар Костадин Костадинов побара Бугарија да направи уставни измени со кои македонскиот јазик ќе биде прогласен за бугарски дијалект. Од убаво поубаво. Еве Костадин војводата ако не знае кој јазик е постар, нека праша во Русија од каде дошла писменоста. Таму најубаво знаат. Единствен кој го поддржа барањето на Костадинов е поранешниот премиер Љупчо Георгиевски. Да не сте изненадени. Некој мора да е портпарол на Бугарија во Македонјија. Е со овие си имаме работа и треба да ги внесеме во Устав.
Ова е последната епизода од пеете минути со Чавез за оваа сезона. Кога сите одмараа ние работевме, сега е на нас редот да одмориме. Истеравме 52 епизоди, ги искоментиравме домашните и регионалнните случувања на наш препознатлив начин. Не штедевме никого. Стекнавме многу непријатели, посебно во Бугарија и кај оние од раководството во СДСМ. Ви благодарам за сите коментари на социјалните мрежи, посебно за оние негативните. Тоа значи дека ја говориме вистината и оти многу ве здоболело. Се гледаме наесен, а тогаш теми и пациенити, колку сакате.

Македонски


