
Англиската фудбалска асоцијација му изрече суспензија од три натпревари на фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден.
Дваесетишестгодишниот играч на Сити ќе го пропушти домашниот натпревар од Лига купот против Норич, како и двата премиерлигашки дуели на домашен терен против Сандерленд и гостувањето на „Енфилд“ против Ливерпул.
Казната на Фоден му е изречена за неспортски потег го градското дерби против Манчестер Јунајтед во неделата, кога го удри противничкиот играч Бруно Фернандес во првото полувреме од натпреварот, лежејќи на земја со двете нозе.
Иако Манчестер Сити од 23 минута беше на теренот со фудбалер помалку, триумфираше со 1-0 на „Олд Трафорд“ со голот на Ерлинг Халанд.

Македонски


