
Заменик министерот за здравство Јовица Андовски одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница појасни дека лицата кои ќе се вработат во јавното здравство нема да бидат по партиска и друга припадност туку по основ на нивните компетенции и стручност.
Не дека ќе се примаат Албанци во здравствените установи туку тоа ќе биде врз основа на компетенциите кои ги имаат, нагласи заменик министерот Андовски.
Додаде дека по прашањето на застапеноста на Албанците во јавните здравствените установи во земјава, поосочи дека тоа не се прави врз основ на нивната припадност туку по основ на нивната компетентност и стручност.
Тој наведе како пример дека во Министерството за здравство процентот на Албанците е над 60 насто но со нив имаат корекна соработка.
Не се гледа дали се Албанци, Македонци, сите си ја работат својата работа и имаме корекна соработка и постојано секојдневно соработуваме и тоа е за пофалба, истакна заменик министерот Андовски.
На прашањето за инвестирањето во јавните здравствени установи тој потенцира дека само во последните 10 дена донеле одлука за реновирање на Болницата „8 Септември“ со 12 милиони евра каде ќе им нови хирушки сали. Во Прилеп набавиле два нови апарати, во Тетово исто така нови апарати. Донесена одлука за реновирање на болицата „Света Еразмо“ во Охрид и во рок од две години и таа ќе ја завршат, рече заменик министерот Андовски.
Воедно потенцира дека до крајот на годинава ќе заврши реновирањето на Инфективните Клиники.
-Цело време се трудиме со набавка на нови апарати и вработување на нови здраствени работници и соработници,со вработување на 600 специјализанти што ги ветивме,сето тоа ќе го исполниме, најави заменик министерот за здравство Андовски