Skip to main content

Јовановски во водство во Кичево

Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, води во вториот круг од локалните избори во Кичево со освоени 55,08% од гласовите (4.829 гласа).

Неговиот противкандидат Фатмир Дехари од Националната алијанса за интеграција (НАИ) има поддршка од 41,50% или 3.639 гласа.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до моментот на обработка биле преброени 47 од вкупно 119 избирачки места, што претставува околу 39,5% од обработените избирачки места. Излезноста во Кичево до 19:00 часот изнесува 32,68%, или 16.672 гласачи од запишаните 51.016.

Жолтата боја на картата ја означува предноста на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, додека сината ги означува општините каде води кандидатот на НАИ.

Поврзани вести