
Вечерва во Кичево се одржа народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата каде беа промовирани кандидатите за советници и кандидатот за градоначалник Александар Јовановски.
За жал изминативе 12 години имаме градоначалник кој го зави Кичево во темнина. Грижејќи се само за своите интереси и на тие околу себе градот го доведе до колапс – рече Јованоски.
Јовановски првично се заблагодари за поддршка која му ја даваат присутните и партијата ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски. Потоа даде осврт дека ќе се залага за слога и единство на сите Кичевчани.
Сакам да им порачам на моите кандидатите една работа. Ова не е време за национализам! Тоа измина пред стотина години. Ова е време за работа, проекти и визија! Тоа го заслужуваат нашите Кичевчани – порача Јовановски.