
Почитуван народе, почитувани наши кичевчани, драги пријатели и познаници по целиот свет. Сакам длабоко од срце да Ви се заблагодарам за историскиот успех, за големата победа. Вие покажавте дека заеднички можеме многу, напиша на својот фејсбук профил Александар Јовановски новиот градоначалник на Кичево.
Им благодарам на сите кои преку електронски пат ми честитаат непрекинато во пораки и на истите неможам во разумно време да одговорам – почит до сите Вас!
Кичево мудро одбра, проекти и напредок во заедништво, пред поделби и неработливост. Време е за многу работа, време е за заедница, би рекол со живот и соживот!
Народот дојде по своето и ќе биде приоритет во мојот мандат.

Македонски






