
Штип ќе даде поддршка на скопските општини преку ЗЕЛС за надминување на проблемот со собирање на сметот во Скопје, најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека како и останатите општини и Штип се солидиразира, за да се собере отпадот низ општините во Скопје и да не се загрозува здравјето на граѓаните.
Верувам дека ќе се солидиразираме преку ЗЕЛС, за да дадеме меѓуопштинска поддршка со одредени ресурси, притоа нормално завршувајќи ги сите примарни активности во нашиот град. Така што, ние стоиме на располагање да дадеме поддршка, помош. Затоа што меѓуопштинската соработка мора да ја има и да постои. Верувам дека преку ЗЕЛС, како и другите општини што даваат поддршка, така и Штип ќе даде поддршка во помагањето со расчистување на смет во самиот град Скопје, изјави Јорданов.
Општина Штип вторпат ќе помогне во собирање на сметот во градот Скопје. Вработени во штипското комунално претпријатие „Исар“ на 9 јули 2023 година со два камиони помагаа во собирање и депонирање на отпадот во скопската општина Аеродром.

Македонски








