Skip to main content

Јанев: Максимално се работи на решавање на случаите со запалените автомобили

Верувајте работиме максимално на расчистување на случаите со запалените автомобили, изјави денеска директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев кој при посетата на Штип одговараше на новинарско прашање, до каде е истрагата и откривањето на сторите на запалени автомоболи и каква е безбедноста во земјата по тоа прашање. Јанев не откри детали од истрагата, но, посочи дека многу брзо сите информации ќе бидат достапни.

-Не би сакал да откривам детали од истрагата, но работиме максимално. Се надевам дека многу брзо ќе ги имате информациите на располагање. Не може поединци да го рушат спокојот на целиот колектив. Прошка за насилство и криминал нема, изјави Јанев.

Во Штип кон крајот на минатата година за два месеци имаше опожарено четири автомобили, истрагата е сѐ уште во тек и се очекува случаите да бидат целоосно решени. Меѓу запалените возила беше и на новинар и директор на регионалната Телевизија МНЕТ во Штип.

Поврзани вести