Skip to main content

Иван Јорданов: Штип направи разлика од над 15 илјади гласови или сооднос 6-1 во корист на ВМРО ДПМНЕ

Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, или сооднос 6:1!, објави на социјалните мрежи Иван Јорданов, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Штип.


Денес испишавме историја за нашиот град. Политичката зрелост Штип ја докажа со поддршка на веќе воспоставена локална самоуправа.
На овие избори победи вербата во она кое го сработивме, енергијата која секојдневно ја вложуваме и отвори можност за нови резултати на секое поле.
Новиот мандат нема да биде нова иднина, туку сегашност што сме ја посакувале!
Благодарам мој Штип!
Благодарам мои штипјани!, објави Јорданов.

Поврзани вести