
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера во гостувањето во централниот дневник на МТВ побара Бугарија да ја екстрадира Ива Михајлова, посочувајќи дека тоа е најмалку што треба да го направи и побара одговорност дома од сите надлежните за овој случај.
– Бараме Бугарија да направи екстрадиција. И тоа е најмалку што Бугарија треба и може да направи во корист на добрососедските односи. Но, се враќам на вашето прашање зошто и како се сомневаме и што е тоа што знаеме во однос на можен договор под масата. Да потсетам на лажниот сертификат што директорот на АНБ, Бојан Христовски, го има од Бугарија. Да не е тоа причината зошто сега има вакви договори? Затоа што АНБ треба да има одговорност, затоа што МВР треба да има одговорност. А како ние можеме да бидеме сигурни дека сега нема некој таков договор, кога директорот на АНБ има фалсификуван сертификат за англиски јазик од Бугарија?. Нема што друго да е освен договор, затоа што нема објаснување како некој може така да помине граница. И адвокатот и самата Ива кажаа дека ја поминале границата најлегално, рече Филипче.

Македонски


