
Обвинителот Даниел Коцев на денешното рочиште го читаше обвинението против Груби и останатите обвинети за случајот Лотарија.

Конкретно, Груби се товари дека во својство на овластено лице како прв заменик на владата претсесавал со седницата на која се донела одлуката за видео лотариски терминали иако тоа право веќе било дадено на Казинос Австрија.
Со тоа нанеле штета од близу пет милиони евра бидејќи Лотарија воопшто немала право да приредува ваков вид на игри на среќа.
Груби претходно се изјасни дека е невработен, но оти има имот на свое име.

Македонски



