
Новата Влада на Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски и досега донесените одлуки во однос на заемот од Унгарија и замрзнувањето на цените за „новогодишната кошничка“ главно ја имаат поддршката на македонските граѓани. За работата во првите пет месеци на Владата и на премиерот граѓаните дадоа позитивна оценка. Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 6 до 15 декември на 1.200 испитаници.
Ова истражување покажа дека мала е разликата во ставот на граѓаните во однос на тоа во која насока се движат работите во Македонија – 35,6 отсто од испитаниците сметаат дека таа насока е правилна, а за 34,3 отсто од нив – погрешна.

Наспроти ова, македонските граѓани, според ова истражување, се задоволни од работата на Владата во изминатите пет месеци – вкупно 38,9 отсто од испитаниците одговориле дека се задоволни или се многу задоволни, неутрални се 24,4%, а 31,2 отсто одговориле дека не се задоволни или воопшто не се задоволни.

Позитивна оценка доби и работата на премиерот Христијан Мицкоски – 40,3 отсто од испитаниците одговориле дека се задоволни или многу задоволни од неговата досегашна работа.

И за мерките кои оваа Влада ги презеде, особено оние поврзани со распределбата на средствата од кредитот од Унгарија, македонските граѓани главно имаат позитивиен став.



Анкетирањето беше спроведено од 6 до 15 декември година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.