Skip to main content

Градежните работи во училиштата во Кисела Вода треба да бидат заршени до септември

Образовната инфраструктура во Кисела Вода забрзано се модернизира и тоа е плод на посветеноста на општинското раководство, но и на грижата и поддршката од страна на Владата која двои рекордни буџетски средства за да се подобри квалитетот на образованието. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска која денеска заедно со премиерот, проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска извршија увид во доградбата на објект во склоп на ОУ „Невена Георгиева – Дуња“ со површина од 352 квадратни метри, во кој има 6 училници и два тоалети. Инвестиција вредна 32 милиони денари обезбедени преку владиниот повик за финансирање на капитални инфраструктурни проекти.

фото: Министерство за образование и наука

Јаневска информираше дека во моментов преку Министерството за образование и наука во општина Кисела Вода се гради и спортска сала во рамки на ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“, во вредност од речиси 32 милиони денари, а се реконструираат салите во две други училишта „Кузман Шапкарев“ и „Круме Кепески“, за кои се вложуваат 12,5 милиони денари. Градежните работи треба да бидат завршени до септември годинава.

„Во периодот што следи, ќе имаме и нови инвестиции во насока на остварување на една од нашите клучни програмски определби, а тоа е воведување на едносменска настава во училиштата. За да има настава во една смена секаде во Кисела вода, планирани се доградби на училници во 4 училишта – „Круме Кепески“, „Кузман Шапкарев“, „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“, при што за првото веќе е објавена постапка за изработка на проект за 6 нови училници, а потоа ќе се избира и изведувач на работите“, рече министерката.

Поврзани вести