Skip to main content

Ѓорѓиевски официјално е кандидат за градоначалник на Скопје: Ќе го изградиме градот кој ќе биде нашата гордост

Орце Ѓорѓиевски денес официјално ја поднесе кандидатурата за градоначалник на Град Скопје пред ДИК.

-Овој ден е нашата заедничка борба за Скопје какво што сите го сакаме: достоинствено, модерно, чисто и полно со живот! Од срце ви благодарам за поддршката! Благодарам на мојата матична партија за довербата, на претседателот Христијан Мицкоски за несебичната поддршка и на секој еден од вас кој верува дека Скопје може и мора да биде подобро, порача Ѓорѓиевски.

Истакна дека сега е моментот да се обединиме.

-Подавам рака на сите кои Скопје го сакаат како свој град! Подавам рака да го направиме Скопје симпатично, пристојно и убаво место за живеење. Подавам рака за Скопје на сите негови граѓани. Заедно, со енергија, визија и решителност, ќе го изградиме градот кој ќе биде нашата гордост и дом за сите генерации. Продолжуваме силно – за Скопје кое го заслужува најдоброто, посочи Ѓорѓиевски.

Поврзани вести